Земјотрес во Охрид

Макфакс

11/06/2026

08:17

292

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван утрово во Охрид, со епицентар во регионот на Пештани-Охрид-Струга.

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван утрово во Охрид.

Потресот се случил во 5 часот и 36 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот потекнува од подрачјето Пештани-Охрид-Струга.

Земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Охрид и Струга.