Потоа до утре претпладне, локално времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Денеска ќе имаме сончево и тополо време во првиот дел од денот, а потоа попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето исто така ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во вечерните часови и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Потоа до утре претпладне, локално времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 л/м²) и услови за невреме со појава на град.
В петок ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен, ветер од северeн правец (над 60 км/ч), а дневната температура ќе опадне од 5 до 7 Целзиусови степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и посвежо. Од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст, најавува УХМР.







