Руте: НАТО мора да го забрза производството на воена опрема

Макфакс

11/06/2026

07:11

236

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, истакна дека забрзувањето на производството и иновациите во одбраната е клучно за зајакнување на колективната сигурност и дека претстојниот самит во Анкара треба да се фокусира на конкретни воени капацитети и индустриско производство.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во средата изјави дека забрзувањето на производството и иновациите во одбраната низ Алијансата е клучно за зајакнување на одвраќањето и обезбедување на колективната сигурност.

Зборувајќи на Трансатлантскиот форум за пристап до одбранбената индустрија во седиштето на НАТО во Брисел, Руте ги повика одбранбените компании да го зголемат производството и побрзо да испорачуваат воена опрема во светлината на растечките безбедносни предизвици.

„Кога вие – сите вие ​​- произведувате повеќе, нашата одвраќачка и одбранбена позиција ќе биде посилна и сите ќе бидеме побезбедни“, им рече Руте на претставниците на повеќе од 50 американски компании и белгиски индустриски партнери собрани да разговараат за трансатлантската одбранбена соработка.

Клучната улога на индустрискиот капацитет

Лидерот на НАТО нагласи дека само посветеноста на трошоците за одбрана нема да биде доволна ако не е придружена со значително проширување на индустрискиот капацитет. Осврнувајќи се на целта на Алијансата за инвестирање на 5% од БДП во одбраната, договорена на минатогодишниот самит во Хаг, Руте рече дека претстојаниот самит во Анкара следниот месец мора да се фокусира на конкретни воени капацитети и индустриско производство.

„Парите се клучни. Но, самитот во Анкара следниот месец нема да биде само за пари; тој мора да се фокусира на борбено подготвените капацитети и значително проширување на нашите одбранбени индустрии“, рече тој.

Икономски и безбедносни придобивки

Руте тврдеше дека поголемите инвестиции во одбранбениот сектор не само што ќе ја зајакнат безбедноста, туку и ќе го поддржат економскиот раст и вработеноста во земјите-членки на Алијансата. Тој, исто така, ја нагласи важноста на тесната трансатлантска соработка во производството и иновациите во одбраната.