Одговорност од Трипуновски за катастрофалната состојба во земјоделието, бара СДСМ

Макфакс

10/06/2026

09:40

165

Големина на фонт

а а а

Статијата ја прикажува катастрофалната состојба во македонското земјоделство, намалените и неисплатени субвенции, како и последиците од политичките одлуки и корупциските афери, при што СДСМ бара одговорност од Цветан Трипуновски.

Вистина е дека за две години Влада на Мицкоски и ВМРО, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Наместо зголемени субвенции како што лажеа кога беа опозицијата, земјоделците од ВМРО добија намалување, оценуваат од СДСМ.

Од оваа партија посочуваат дека субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари по грло. Намалена е, како што велат, и поддршката за тутунот, од 100 на 80 денари за прва класа. „Укинати се низа мерки кои директно ги поддржуваа малите земјоделци, лозарите и оризопроизводителите.

Земјоделците не се соочуваат само со намалени, туку и со неисплатени субвенции.

Илјадници сточари, житопроизводители, градинари и други производители сè уште ги чекаат средствата кои им следуваат, додека производните трошоци секојдневно растат.

Во меѓувреме, откупот од малите земјоделци падна за 46,2 проценти. Тоа е директен показател за колапсот на земјоделското производство и пласманот.

Сточарите протестираат поради доцнењето на субвенциите и поради намалените откупни цени на млекото. Млекарниците во повеќе наврати ги намалија откупните цени, а Владата остана нем набљудувач.

Житопроизводителите влегуваат во жетва без позната откупна цена и без исплатени субвенции.

Лозарите се оставени во неизвесност поради непочитување на законските обврски за утврдување на производна цена на грозјето. Оризопроизводителите останаа без значајни мерки за поддршка, а цената на оризовата арпа е драматично намалена“.

Дополнително, според нив, Владата ги поништи повиците за набавка на трактори, механизација и друга опрема преку Програмата за рурален развој.

Укинати се или стопирани мерки кои со години, како што потсетуваат од опозициската партија, им помагаа на земјоделците да инвестираат и да го модернизираат своето производство.

„На сето ова се надоврзуваат и сериозните корупциски скандали во секторот. Јавноста беше сведок на скандалото со ИПАРД програмата и митото од 50 илјади евра.

Затоа политичката одговорност не смее да се избегне и СДСМ поднесе интереплација за Цветан Трипуновски.

Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието“, децидни се од оваа партија.