Зошто секој месец вложувам во инвестициски фонд за посигурна иднина на моето дете?

Точка

10/06/2026

11:13

330

Големина на фонт

а а а

„По природа сум многу внимателен, аналитичен и грижлив, особено кога станува збор за иднината на моето дете. Сметам дека сум финансиски писмена личност, а кога разгледувам можности за остварување дополнителни приходи, секогаш правам детални анализи, но и слушам препораки и искуства од луѓе на кои им верувам. Подолгорочните размислувања ме однесоа до ВФП Фонд Менаџмент, а дополнително контактот со вработените, ми влеа сигурност. Вака ја започна својата финансиска приказна Дане Тодоровски, сопруг и татко на 5-годишно дете.

Како родител, уште од најраните години на моето дете знаев дека грижата за неговата иднина не завршува со секојдневните потреби, туку започнува со навремено и одговорно финансиско планирање. Токму затоа се одлучив да инвестирам месечно преку еден од фондовите на ВФП Фонд Менаџмент

Немав очекувања за брзи резултати, имав визија, трпение и верба дека секој мал влог денес значи сигурност утре. Верувам дека со навремено донесени финансиски одлуки и истрајност, се градат темели за стабилна финансиска иднина. Тоа чувство на мир е непронценливо, и токму затоа и ќе продолжам да инвестирам во хартии од вредност на долг рок. Инвестирам затоа што сакам моето дете утре да има избор и сигурност. 

Свесен сум дека заштедата во банка не е поволна опција во услови на инфлација и економска неизвесност, па се одлучив за редовно, месечно инвестирање во ВФП Премиум Акции фондот. На тој начин градaм финансиска основа што има потенцијал за раст на долг рок, а воедно му пренесувам и важна животна лекција на моето дете, дека финансиската стабилност се создава со дисциплина, трпение и паметни одлуки донесени навреме“ споделува Дане. 


Оваа инвестиција не само што обезбедува ликвидност за образование, здравје или други потреби на детето, туку и создава стабилна основа за неговата економска иднина. Овој пристап овозможува инвестираните средства да работат за иднината на моето дете. 

ВФП Фонд Менаџмент преку различни фондови инвестираат во акции, обврзници и други хартии од вредност на успешни компaнии, и обезбедуваат диверзификација и оптимизација на потенцијалниот принос. Акциите се вложуваат во различни меѓународни компании, кои се стабилни и имаат висок потенцијал за раст. При изборот на компании се следат трендовите, тековните финансиски извештаи, плановите за идни инвестии и иновации, се проценуваат ризиците од работењето и врз основа на сето тоа се инвестира. Притоа ВФП Фонд Менаџмент транспарентно ги информира инвеститорите за движењата на пазарот, и за вредноста на акциите. Истовремено, континуирано вложува во едукација и охрабрување на луѓето да ги подобрат своите финансиски навики за повисоки цели. Да практикуваат долгорочно инвестирање, да почнуваат со вложување на мали износи, и да бидат свесни дека инвестирањето во акции не е само за богатите, туку пред сè за финансиски едуцираните поединци.

Комерцијален текст