Во Скопје, полицијата приведе пет турски државјани поради нерегулиран престој, при што ќе бидат поднесени пријави по завршување на документацијата.
Вчера во Скопје од 09:00 до 12:00 часот на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа М.Е.С. (19), П.С. (23), Ј.С. (19), Д.Г. (25) и Б.Т.Б. (20), сите од Р. Турција, поради нерегулиран престој во државата.
По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.







