Гордана Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на шефови на држави и влади од земјите од ПСЈИЕ во Софија каде ќе се обрати на пленарна сесија и ќе одржи билатерални средби со други лидери, вклучувајќи ја и претседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска (10 јуни 2026 година, среда) во Софија, Република Бугарија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Таа ќе се обрати на пленарната сесија на тема „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“.
Домаќин на самитот е претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова. Покрај македонската претседателка, на самитот ќе учествуваат и Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу, претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателот на Владата на Република Молдавија, Александру Мунтеану, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ.
На маргините на самитот, предвидени се билатерални средби на Сиљановска-Давкова со претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу.







