Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Макфакс

09/06/2026

15:50

544

Големина на фонт

а а а

Апелациониот суд ја потврди казната затвор од една година за Стевчо Јакимовски за дело бесправно градење, додека жалбата за злоупотреба на службената положба е прифатена и случајот е вратен на повторно судење.

Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело „бесправно градење“.

Во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во куќен притвор, од месец март до август.

Во однос на обвинението за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, жалбата на Јакимовски е прифатена и предметот е вратен на повторно судење. Судот посочи дека делото се однесува на периодот од 2011 до 2017 година и дека постои можност случајот да застари во текот на 2027 година.