Со мотоцикл излетал од патот: Скопјанец завршил со тешки повреди

Макфакс

08/06/2026

14:40

204

Големина на фонт

а а а

На регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак вчера мотоциклист од Скопје изгубил контрола и излетал од патот, при што се здобил со тешки повреди и бил пренесен во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во СВР Скопје вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, во близина на с. Нова Брезница, 36-годишниот В.М. од Скопје, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.