Во селото Пиперево синоќа гореше импровизирана штала, а струмичките пожарникари интервенираа брзо и успешно го изгасија пожарот.
Синоќа, во 22.00 часот, во селото Пиперево, ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и три пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на импровизирана штала.
Како што извести ТППЕ Струмица, пожарот е целосно изгаснат за кратко време откако на лице место пристигнале струмичките пожарникари.







