Израел нападна предградија во Бејрут

Макфакс

07/06/2026

17:50

121

Големина на фонт

а а а

Израелската војска изврши напад врз предградијата на Бејрут поради гранатирањето од страна на Хезболах. Нападите се дел од продолжените конфликти во регионот и се врз основа на неодамнешни договори и нивно нарушување од страна на Хезболах.

Израелската војска нападна предградија на либанската престолнина Бејрут откако Хезболах го гранатираше Израел, изјавија премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац, според објавите на израелските медиуми

Нетанјаху и Кац рекоа дека војската ги нападнала штабовите на „терористите“.

На видеоснимки од сведоци се гледаат густи облаци чад во населено предградие на Бејрут познато како Дахие, кое се смета за упориште на либанското движење Хезболах.

Израел значително ги намали нападите врз Либан откако на средината на април стапи во сила примирје. Американскиот претседател Доналд Трамп исто така најави дека е постигнат договор за прекин на израелските напади во тој регион, како и прекин на нападите на Хезболах врз Израел.

Израел и Либан пред неколку дена се договорија за начинот на спроведување на примирјето. Но Хезболах ги одби договорените услови и почна нови напади.

Либанската влада не е страна во конфликтот и има ограничено влијание врз проиранскиот Хезболах, кој не беше вклучен во преговорите за прекин на огнот.

Фото:ЕПА