Во Охрид слета првиот авион од Ворцлав, Полска, во вторник нова линија од Катовице

Макфакс

07/06/2026

13:42

401

Големина на фонт

а а а

Во Охрид слета првиот авион од Вроцлав, Полска, со што започнува новата авиолинија, а наскоро ќе биде отворена и линија од Катовице. Ова значи зголемување на полските туристи, нови бизнис можности и развој на локалната економија, со најголем раст на домашните аеродроми во регионот.

Утрово слета првиот авион од Вроцлав со што започнува новата авиолинија Охрид-Вроцлав (Полска), додека веќе во вторник ќе имаме уште една нова линија од Катовице исто од Полска, што значи повеќе полски туристи, значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу Охридското крајбрежје, истакна денеска од Охрид, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот Николоски кажа дека домашните аеродроми имаат најголем раст во регионот со преку 31 % раст во првите пет месеци од годината, што се очекува да се надмине бројката од 3,5 милиони патници на годишно ниво.

“ Овие две нови линии ќе значат многу повеќе патници, многу повеќе туристи кои што доаѓаат во Македонија, многу повеќе луѓе кои што ќе доаѓаат да прават бизнис во Македонија и дополнително отвореност кон светот. Утрово слета првиот лет од Вроцлав од Полска, целосна нова дестинација која што никогаш претходно не оперирала во Македонија, а на 9 јуни во вторник ќе слета и првиот лет од Катовице исто така од Полска. Охридскиот аеродром целосно се отвора кон Полска, отвараме две значајни рути кои што ќе значат дека полските туристите можат да го посетуваат Охридскиот регион, да го посетуваат Охрид, Струга, Дебарца,  локалните економии овде да растат и туризмот да расте, но исто така овие летови не се само туристички, овие летови не се само сезонски, тие треба да донесат дополнителна вредност на целиот овој регион. Ако на тоа се додаде дека веќе од оваа недела повторно почнува да лета дестинацијата Белград-Охрид и Истанбул-Охрид, тогаш веќе приказната се заокружува. Бројките се одлични, бројките се, би рекол неочекувани”, рече вицепрeмиерот Николоски.

Охридскиот аеродром целосно се отвора кон Полска, рече вицепремиерот Николоски

Тој се заблагодари на одличната соработка со ТАВ и пратениците во Собранието кои имаат свој придонес во реализација на владините политики за развој на авиосообраќајот и додаде дека нова цел е бројот на патници да надмине 4 милиони годишно.

“ Имаме далеку фантастични бројки, а тоа е дека во периодот јануари-мај оваа година, споредено со 2025 година, имаме раст од 31,2%, што не можете да го најдете на ниедни други два аеродроми. Тоа е доста сериозен раст, а ако споредиме дека минатата година имавме исто така доста сериозен раст, затоа што прв пат Македонија помина 3 милиони патници, тоа е една додадена вредност. Jaс минатата година реков дека е добро да се бориме во следните две до три години да стигнеме до 3 милиони 500 илјади патници, но со ова темпо ние оваа година ќе стигнеме до 3 милиони 500 илјади патници и ќе си поставиме нова цел, тоа е за неколку години да стигнеме и до 4 милиони патници, што мислам дека е врв за нашите два аеродроми имајќи предвид дека државата е од милиони и  800 илјади жители и бројот на патници далеку ќе го надмине бројот на жители”,рече  вицепремиерот Николоски.