12 нови детски песни премиерно изведени на првиот фестивал „Киселко“ во Кисела Вода

Макфакс

06/06/2026

19:50

165

Големина на фонт

а а а

Во Кисела Вода денес се одржа првиот детски фестивал „Киселко“ каде беа премиерно изведени 12 нови детски песни. Учесниците ги избраа наставниците од основните училишта, а учеството беше бесплатно за сите. Фестивалот има за цел да ги поттикне музичките таленти на најмладите и да создаде нова традиција во општината.

Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првиот детски фестивал „Киселко“, во организација на Општина Кисела Вода.

На фестивалот премиерно беа изведени 12 нови детски песни.
Покрај соло изведувачите, на сцената настапи и сопственото хорче на „Киселко“, додека за кореографијата беа задолжени членовите на балетското студио „Данса Латина“.
Учесниците на фестивалот беа избрани преку процес на аудиции кои се спроведоа во основните училишта на територија на општината, а изборот го вршеа наставниците по музичко воспитување. Сите 12 авторски песни беа целосно бесплатни за учесниците, со што Општина Кисела Вода ги ослободи родителите од какви било финансиски трошоци за нивното учество.
„Сакавме да им обезбедиме соодветен простор на најмладите да го покажат својот музички талент, бидејќи инвестирањето во детската креативност е највредното вложување во нивниот правилен развој. Истовремено, ни беше важно ова искуство да не претставува финансиски товар за семејствата, па затоа сите песни за малите изведувачи се целосно бесплатни. Посакувам „Киселко“ да биде почеток на една нова традиција за децата во Кисела Вода“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Целосната реализација на фестивалот се направи во соработка со „Стробери Груп“, продукција која е специјализирана за детски и младински телевизиски проекти и настани.