Се запали приколка на камион на патот Валандово–Струмица

Макфакс

06/06/2026

14:50

130

Големина на фонт

а а а

Пожар избувна на полу-приколка од товарно возило на регионалниот пат Валандово–Струмица, при што интервенираше противпожарната единица од Струмица. Во инцидентот нема повредени, а се врши увид за утврдување на причините за пожарот.

Пожар избувнал на полу-приколка од товарно возило на регионалниот пат Валандово–Струмица, на делницата меѓу селото Костурино и Струмица.

Според информациите од МВР, полу-приколката била влечена од влекач ман со бугарски национални ознаки, управуван од Б.М. (28) од беровското село Русиново.

На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Струмица, која успешно го изгаснала пожарот.

Во инцидентот нема повредени лица, а увид е извршен за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.