Во Кочани денеска ќе се одржи 45-тиот Марш за ангелите, настан кој носи порака за сеќавање, почит и повик за правда во чест на загубените животи и за семејствата кои страдаат.
Во Кочани денеска ќе се одржи 45-тиот Марш за ангелите.
Почетокот на маршот е закажан за 18 часот и 5 минути часот во Паркот на револуцијата, од каде учесниците ќе се движат кон трговскиот центар, УЈП, МВР, Основниот суд и ќе завршат кај спортската сала „Кочански ангели“.

Организаторите информираат дека маршот ќе се одвива мирно и достоинствено, во чест на 63-те ангели, за повредените и за семејствата кои секојдневно се соочуваат со болката и загубата.
Според нив, маршот претставува чин на сеќавање и почит, но и повик за одговорност, вистина и правда.

„Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“, порачуваат организаторите.







