Израелската армија уби бебе во Западен Брег

Макфакс

06/06/2026

10:10

306

Големина на фонт

а а а

Седуммесечно бебе загина откако израелската армија отвори оган врз возило на Западен Брег, во инцидент што се случи јужно од Хеброн. Израелските сили тврдат дека возилото се движело со зголемена брзина кон нив, а армијата почнува истрага.

Седуммесечно бебе загина, а неговите родители се повредени откако израелската армија синоќа отворила оган врз нивното возило на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израелските војници отвориле оган јужно од градот Хеброн, тврдејќи дека возилото со зголемена брзина се движело кон нив.

Семејството патувало од Витлеем до Хеброн.

Израелската армија соопшти дека започнала истрага за инцидентот.