Пет лица загинаа во три одделни руски напади врз јужната украинска област Херсон, која е дел од анектираните територии од Русија по војната во 2022 година. Украинската армија успеа да врати дел од контролата над областа.
Во три одделни руски напади врз јужната украинска област Херсон загинаа пет луѓе.
Гувернерот на Херсон, Олекдсандар Прокудин на Телеграм објави дека во еден од нападите загинале три лица над 70 години, чии тела биле откриени во нивните домови.
Херсонската област е една од четирите региони анектирани од Русија по инвазијата врз Украина во 2022 година. На почетокот на војната Русија зазеде голем дел од областа, но украинската армија успеа да ги врати под своја контрола териториите, како и градот Херсон.







