Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на Плетвар кога се преврте камион со битолски регистeрски ознаки.
Станува збор за шоферот на камионот-кипер кој превезувал песок и од засега непознати причини се излизгал на патот и се превртел.
За загинатото лице потврда дојде од битолската брза помош, пренесе Слободен печат.

Несреќата се случила околу 18 часот на патот Прилеп-Градско кај селото Ореовец. Сообраќајот е во прекин, а возачи велат дека колоната од автомобили што чекаат е долга околу 15-20 километри.
Прекинот, како што информира „Македонијапат“, е поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, што го оневозможува одвивањето на сообраќајот.
Фото: Слободен печат







