Прогноза за времето утре најавува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмечи и засилен ветер, со можност за локално непријатно невреме. Во Скопје, температурите ќе се движат од 16 до 32 степени. Наредните денови ќе има променливо и топло време со сончеви периоди и локална нестабилност.
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.







