Меџити: Паркот „Ринија“ во Топанско Поле добива нови рекреативни содржини

Макфакс

05/06/2026

15:40

228

Големина на фонт

а а а

Паркот „Ринија“ во Топанско Поле ќе добие нови рекреативни и спортски содржини како дел од инвестициите на Општина Чаир за унапредување на јавните простори и подобрување на условите за граѓаните.

Паркот „Ринија“ во Топанско Поле добива нов изглед во рамки на инвестициите на Општина Чаир за уредување и унапредување на јавните простори, соопштија од општината.

Во паркот се реализираат активности за подобрување на рекреативните и спортските содржини, создавајќи подобри услови за граѓаните, а особено за децата и младите.

„Инвестираме во простори што секоја населба ја прават позелена, пофункционална и поубава за граѓаните“, изјави Меџити.