Приведен 75-годишен охриѓанец: вршел незаконит риболов

Макфакс

05/06/2026

12:40

193

Големина на фонт

а а а

75-годишен охриѓанец е приведен заради извршување на незаконит риболов на брегот на Охридското езеро, при што му била одземена нелегално уловена риба и рибарска мрежа.

Утрово во 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро, на брегот на Охридското езеро го приведоа Н.А.(75) од охридското село Пештани.

При акциска контрола, тој бил затекнат при извршување на кривично дело „незаконит риболов“ и биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба и една рибарска мрежа.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.