ФИФА одобри и прифати голем број промени на правилата кои ќе се применуваат на теренот со цел да се донесе поголема правда на зелениот терен, но од друга страна, сега најави и една необична промена која се однесува на стандардниот протокол пред натпреварите.
На една недела пред стартот на Светското првенство, ФИФА информираше дека ќе има една важна промена во увертирата за сите натпревари кои ќе се играат на мундијалот, а тука пред се се мисли на церемонијата при која се изведуваат химните.
За разлика од стандардното редење во линија, сега фудаблерите ќе се соберат и ќе ги слушаат своите национални химни наредени во кругот на средината на теренот, но за разлика од досега вообичаените 22 играчи, на Светското првенство ќе ги гледаме сите играчи на теренот.
Според новото правило на ФИФА, и резервите на двата тима ќе излегуваат на теренот при интонирањето на химните, што значи дека со моментот ќе можат да се соживеат и оние кои поретко добиваат шанса.
– Како што расте секое наредно Светско првенство, така ние продолжуваме со иновациите кои го подобруваат доживувањето на самата играч. Кога сите играчи на двата тима заедно со судиите ќе се постават едни спорит други во срединта на кругот и ќе бидат интонирани националните химни, ќе се создаде еден уникатен момент, момент кој ќе презентира единство, гордост и емоции кај сите актери, – изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.







