Перез потврди дека третото засилување ќе дојде од Интер, но најави и „бомба“: Подготвувам 150 милиони евра за Галактико играч!

Дерби

05/06/2026

11:33

226

Големина на фонт

а а а

Флорентино Перез од ден во ден дава изјави кои привлекуваат големо внимание во јавноста, пред се поради фактот што ги вади на виделина сите „асови кои ги има во ракавот“ како кандидат за претседателската функција во Реал Мадрид.

Откако свика предвремени избори, Перез доби противкандидат во името на Енрике Рикелме, но како човек кој важи за голем фаворит за победа, веќе почна да ги издвојува имињата кои му се договорени за новиот проект, но почна да прави најави и за најголемиот трансфер во историјата на Реал Мадрид.

По најавените ангажмани на Жозе Мурињо како тренер и Ибрахима Конате како нов стопер во првиот тим, Перез го потврди и Дензел Дамфрис како трето засилување за новата сезона, но далеку поголемо внимание предизвика за понудата која ќе ја достави за играч кој не сакаше да го именува.

– Веќе зборувавме за Мурињо и Конате, но сега ќе зборувам и за Дамфрис. Тој е извонреден десен бек и тој е третото засилување за новиот проект кое го открива предвреме. Верувајте дека ќе има уште повеќе, на многу повеќе места во тимот.

– Откако ќе победам на изборите, во вторник ќе ја доставиме најголемата трансфер понуда за еден играчво историјата на Реал Мадрид. Станува збор за врвен играч кој играше во Лигата на шампионите. Не е Халанд, не е Олисе, не е ниту Доку. Не станува збор за играч од Премиер лигата. Ќе понудиме најмалку 150 милиони евра, станува збор за вистинско Галактико засилување, – посочи Перез.