[ВИДЕО] Димитријевиќ: Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“

Макфакс

05/06/2026

11:20

179

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ, го повика обвинителот Савески да го повика министерот Панче Тошковски за да ги достави доказите за случајот Мазут, кој е запрен, но може повторно да биде активиран доколку се појават нови релевантни докази.

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, го повика обвинителот Ненад Савески да го викне министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да ги достави доказите за „Мазут“.

„Се слушна ли Мицкоски со некој обвинител да издиктира некое ново чувство? Јавниот обвинител Ненад Савески на брифинг со новинари застана зад обвинителката која го запре случајот ‘Мазут’ проценет на 167 милиони евра. Но, Савески кажа и една многу важна работа, дека ‘доколку во иднина се појават нови околности или релевантни докази, случајот може повторно да биде активиран’“,рече тој.

Само неколку часа после брифингот на Савески и овие негови изјави, вели Димитријевиќ, министерот Панче Тошковски, во интревју на телевизија рече дека има докази кои јавноста не ги знае и дека сите ќе бидеме шокирани.

„Дали Панче Тошковски е повикан да ги достави овие докази? Ете го клучот, ете го решението, бараме јавниот обвинител да го повика Панче Тошковски да му ги достави доказите за кои јавно зборува дека ги има. Така случајот ќе биде повторно активиран. Бидејќи јавно се кажани двете изјави ќе чекаме да видиме дали Тошковски ќе биде повикан да ги достави доказите и повторно да биде активиран случајот. Или ќе чека телефонски повик од Мицкоски? Како тоа се одредува притвор за недокажани 1.800 евра а се прекинува постапка за 167 милиони евра? Како тоа бодигардот на Мицкоски условно се пушта за претепување а за недокажани 1.800 евра се одредува притвор? И клучното прашање, дали постои дил меѓу Мицкоски и Асмир Јахоски од Пуцко Петрол“, праша тој и обвини дека во Македонија нема правда туку целосно партизирано судство и обвинителство.