Уништување на детски игралишта и спортски терени: Општина Бутел најавува видео надзор за намалување на девијантни појави

Макфакс

05/06/2026

11:20

115

Големина на фонт

а а а

Општина Бутел започна со поставување на видео надзор на јавните површини поради честото уништување на детски игралишта и спортски терени, со цел да се намалат девијантните појави и да се заштити општинскиот имот.

Општина Бутел информира дека се започнати активности за поставување на видео надзор на јавните површини во општината.

Ова како што појаснуваат, од причина што во изминатиот период, се оштетени голем број на детски игралишта, спортско-рекреативни центри и паркови во општината.

„Локалната самоуправа ја надомести штетата и ги обнови јавните површини, но уништувањето на детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема продолжува. Поставувањето на видео надзорот ќе придонесе за намалување на девијантните појави“.

Снимките од надзорот, како што потенцираат, ќе може да се користат единствено по налог на надлежните институции, со целосно почитување на законите.

Градоначалникот Дарко Костовски упати апел за совесно користење на урбаната опрема и заштита на општинскиот имот.