Кол му предложи неколку играчи на Алонсо: Ова е совршено и за сопствениците…

Дерби

05/06/2026

11:01

139

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо кажа „ДА“ и во иднина ќе го гледаме на кормилото на премиерлигашот Челси.

Шпанецот имаше неуспешна епизодата во Реал Мадрид која заврши по само неколку месеци и Челси треба да е местото, клубот во кој одново треба да ја врати кариерата на посакуваниот, победнички пат како што тоа беше во Баер Леверкузен.

Допрва ќе видиме како ќе изгледаат „сините“ под водство на Алонсо, но дотогаш сигурно ќе видиме и некои трансфер потези со оглед на тоа што сме во летниот преоден рок. Челси нема да игра во Европа и ќе биде максимално фокусиран на домашната сцена и тоа може да влијае врз активностите, ама додека се чекаат одговори, потези, некогашниот ас на оваа екипа Џо Кол испрати порака со Чаби, ама и до сопствениците за неколку имиња, засилувања кои според него можат да му помогнат на клубот да напредува.

- Гледате некој како Конате; ама се чини дека оди во Реал Мадрид, но тоа би било совршено. Роберт Левандовски сè уште е достапен. Бернардо Силва е сè уште тука и е вистинскиот за мене. Го гледате влијанието што Џордан Хендерсон го имаше врз Брентфорд и не гледам зошто Бернардо не би можел да биде сличен.

- И за сопствениците е совршен излез. Одете и добијте неколку бесплатни трансфери, јас би прифатил два или три трансфери, би им дал едногодишен или двегодишен договор и би им дозволил тројца постари играчи да помогнат во движењето на групата напред, - вели Џо за „Метро“.