Утре променливо облачно време со сончеви периоди, температурата до 32 степени

Макфакс

04/06/2026

18:00

170

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме.