Хезболах го отфрли планот за примирје договорен во Вашингтон

Макфакс

04/06/2026

18:40

152

Големина на фонт

а а а

Хезболах го отфрли планот за прекин на огнот договорен од либанската и израелската влада со посредство на САД, а Израел продолжи со нападите во јужен Либан и нагласи дека не се повлекува од југот на таа земја.

Соединетите Американски Држави вчера објавија дека Либан и Израел се согласиле на примирје, под услов Хезболах, група поддржана од Иран, да прекине со огнот и да ги повлече своите борци од јужен Либан по границата со Израел.

Водачот на либанската шиитска група, Наим Касем, ги нарече разговорите срамота, отфрлајќи ја најавата на Вашингтон како „сценарио во кое дел од либанскиот народ ќе биде истребен, а остатокот ќе биде поробен“. Хезболах не е страна во разговорите.

„Додека има окупација, ќе има отпор“, рече Касем во писмена изјава.

Непријателствата меѓу Хезболах и Израел повторно се разгореа на 2 март, кога групата отвори оган во поддршка на Техеран, кој беше под американско-израелски напад.

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, претходно денеска изјави дека Израел засега ќе продолжи со нападите врз Либан.