Ганц: Договорот со Либан е чекор напред, но војската мора да остане

Макфакс

04/06/2026

09:06

174

Големина на фонт

а а а

Израелскиот политичар Бени Ганц го поздрави новиот договор меѓу Израел и Либан, истакнувајќи дека договорот претставува важен дипломатски успех, но предупредува дека војската мора да остане на терен за целосна имплементација и контрола.

Израелскиот политичар и поранешен генерал Бени Ганц го поздрави договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД, велејќи дека тој „може да претставува значаен дипломатски пробив во борбата против Хезболах“.

Сепак, Ганц предупреди во објава на социјалната мрежа X дека договорот сè уште не е докажан во пракса.

„Вистинскиот тест за овој договор ќе биде на терен. Затоа, израелската војска мора да остане распоредена на либанска територија до неговото целосно спроведување, а Државата Израел мора агресивно да одговори на секое прекршување од страна на Хезболах, дури и на најмалото“, рече тој.