Шпаркасе Банка со ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

Точка

03/06/2026

14:59

152

Големина на фонт

а а а

Во рамките на „Шп-арт-клуб“ и платформата за општествена одговорност Sparkasse LIFE, Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ објавуваат:

КОНКУРС за млади сликари 2026

Шпаркасе Банка АД Скопје ги повикува младите уметници од државата, на возраст од 18 до 26 години, да бидат дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Колонијата ќе се одржи во Вевчани и ќе трае од 29.6. до 10.7.2026 година.

Темата на конкурсот е „Природата зборува“

Од 3.6.2026 до 11.6.2026, сите заинтересирани млади уметници можат да се пријават преку пополнување на пријавниот формулар на следниот ЛИНК и испраќање фотографија од едно свое уметничко дело во акрилна техника на: marketing@sparkasse.mk со наслов „Пријава за конкурс: Млади уметници – Вевчански видувања“.


По завршувањето на конкурсот, стручното жири ќе избере 10 финалисти, кои ќе имаат уникатна можност да престојуваат 5 дена во Вевчани, од 29 до 03 јули 2026. Сите трошоци за престој и превоз, како и потребниот сликарски материјал, ќе ги обезбеди Шпаркасе Банка.

„Младите уметници се движечка сила на новата креативна сцена – храбри, автентични и подготвени да го променат начинот на кој гледаме на светот. Наша задача е да им дадеме простор таа енергија да расте. Преку платформата за општествена одговорност Sparkasse Life и ‘Вевчански видувања’, создаваме можности каде што талентот добива глас, инспирацијата добива форма, а уметноста станува мост меѓу младите, природата и заедницата. Веруваме во идеи што оставаат трага и во млади луѓе што создаваат иднина“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекција за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Зошто да учествуваш?

Работата со млади, амбициозни и талентирани уметници што имаат големи соништа е чест и задоволство. Овие поединци, со својата страст и креативност, ја креираат суштината на духот на нашата нација. Младите визионери ја обликуваат иднината преку својата смела визија и верба во она што допрва доаѓа.

Учеството во овој проект не нуди само инспирација и простор за изразување, туку и можност за учење нови сликарски техники, добивање менторство од истакнати уметници, дружење со креативни врсници и откривање на природната и на културната убавина на Вевчани. Тоа е искуство што ги зближува луѓето, ја поттикнува креативноста и остава траен печат – и во уметноста и во срцето.

Не пропуштај ја оваа шанса – пријави се и стани дел од оваа креативна авантура!

#ВерувајВоИднината