Жорди Алба стави крај на играчката кариера и се одјави по освоената титула со Интер Мајами, а сега како пензиониран фудбалер, стана достапен за еден колега кој води шоу на онлјан платформите.
Марио Суарез го повика левиот бек во својата емисија и поранешниот стопер на Атлетико Мадрид го наврати Алба на фамозниот меч меѓу Барселона и Атлетико Мадрид кој решаваше за титулата во 2014-та година, дуел кој беше директна пресметка за титулата.
Атлетико успеа да освои бод и стана шампион на „Камп Ноу“ благодарение на ремито, но на овој натпревар беше поништен чист гол на Лео Меси поради непостоечки офсајд.
Во време кога немаше ВАР, не можеше да се види дека последен со топката пред да реагира Меси играше играч на Атлетико, па и самиот Суарез призна дека во денешно време титулата ќе и припаднела на Барселона.
– Тоа беше украдена титула. Судија беше Матеу Лахоз, мајко мила….. Тој човек не го паметам по добро, ме исклучи два или три пати во мојата кариера, – изјави Алба.
На поништениот гол потсетете се ТУКА.







