Починат маж пронајден во хотел на Бит Пазар

Макфакс

02/06/2026

13:10

273

Големина на фонт

а а а

Во хотел на Бит Пазар бил пронајден починат маж од Тетово. Лекар констатира смрт без траги на насилство, а полицијата извршила увид и телото е предадено за обдукција по наредба на јавен обвинител.

Вчера околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат З.Ј.(74) од Тетово.

Човекот бил гостин во хотелот.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Полицијата соопшти дека бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.