Премиерот Христијан Мицкоски најавува реструктуирање на партијата во првата половина од јуни и разговори со владините партнери во втората половина од месецот. Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка поради неспротиставени услови за ефикасно извршување на функцијата.
Премиерот Христијан Мицкоски сè уште не може да каже дали назначувањето нов министер на местото на Арбен Фетаи, кој си даде оставка, ќе биде единствената измена во Владата. Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новиот базен во Карпош, тој најави промени и во партијата и во Владата.
„Сега сум посветен на внатрепартиските поместувања, реструктуирање. Тоа отприлика планираме да го завршиме до средина на јуни и веќе втората половина на јуни да седнеме со владините партнери и да разговараме како понатаму. Мислам дека ќе се добие формата во втората половина на јуни“, рече премиерот Мицкокси.
Вицепремерот за добро владеење Арбен Фетаи вчера преку социјалните мрежи соопшти дека на премиерот Христијан Мицкоски му доставил оставка оти како што наведе, во сегашните околности, повеќе не постојат неопходните услови за функцијата да ја извршува со потребната ефикасност.







