[ВИДЕО] Бик влета во фризерски салон и предизвика паника во Истанбул

Точка

01/06/2026

17:26

527

Големина на фонт

а а а

Огромен бик упаднал во фризерски салон во Истанбул и тргнал кон преплашениот персонал, додека вработените бегале за да си ги спасат животите.

Станува збор за разјарен бик тежок околу 1,5 тон, кој, според наводите, избегал од контрола на својот сопственик. Тој планирал да го заколе животното, но бикот успеал да се оттргне и почнал да дивее.

Надзорните камери го снимиле шокантниот инцидент во кој огромниот кафеаво-бел бик провалува во мал локал во населбата Султанбејли во Истанбул на 27 мај.

Животното го искршило излогот на салонот и ги натерало присутните во паника да побегнат на безбедно место.

Бикот бил купен од сопственикот во пресрет на Курбан Бајрам, исламскиот празник на жртвувањето, за време на кој семејствата традиционално колат добиток и го делат месото со роднините, соседите и луѓето на кои им е потребна помош.

Како да ја насетувал својата судбина, животното успеало да избега од сопственикот и да протрча низ улиците на населбата пред да стигне до фризерскиот салон.