Тешко повреден скопјанец: Со возило излетал од регионалниот пат Велес – Градско

Макфакс

01/06/2026

13:10

214

Големина на фонт

а а а

Во Велес се случила сообраќајна несреќа кога возило излетало од регионалниот пат Велес – Градско, при што возачот од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болница.

Вчера во 08:25 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот Д.П. од Скопје, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес.