Во Куманово е уапсен маж кој го држел својот познаник во заложништво, го тепал, сексуално го вознемирувал и го принудувал да користи дрога. Полициските службеници го лишиле од слобода и пронашле нелегални предмети во неговиот дом.
Полицијата уапси кумановец кој противправно држел лице од Куманово во својот дом, физички го напаѓал и го принудувал да користи дрога и орално да го задоволува.
Според информациите на МВР, вчера во 21:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(35) од Куманово.
Тој се сомничи дека од 23:00 часот на 29 мај до 07:00 часот на 31 мај без негова согласност и со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом. Според пријавеното, во тој период Д.П. повеќе пати физички го напаѓал лицето, го принудувал орално да го задоволува и го принудувал да користи дрога.
При приведувањето, кај Д.П. биле пронајдени и одземени марихуана, мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







