Единствена Македонија: Прифаќаме референдум за ЕУ, но само со овие две прашања

Макфакс

29/05/2026

15:20

396

Големина на фонт

а а а

Единствена Македонија ја изразува својата поддршка за одржување референдум за членство во Европската Унија, но само доколку гласањето содржи две конкретни прашања кои го штитат националниот карактер и интересите на македонските граѓани.

Единствена Македонија соопшти дека прифаќа референдум за ЕУ, но под услов да има две прашања.

„Единствена Македонија внимателно ја следи дебатата со најновиот предлог на СДСМ за референдум за членство во ЕУ. А што може да се очекува од една партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални и државни интереси? Единствена Македонија прифаќа нов референдум, но, само и единствено под услов со следните прашања: 1. Дали сте за влез во Европската Унија на граѓани од територија Македонија? 2. Дали сте за влез во Европската Унија на Македонци од Македонија?“, велат од Единствена Македонија.

Според партијата, Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните дозволува гласање за повеќе прашања на посебно гласачко ливче.

Исто така се предлага, пред референдумот сите политички партии да се обврзат дека ќе го почитуваат референдумскиот резултат, а секое отстапување да се смета за национално предавство.

„Според толкување на партијата, доколку гласачите се одлучат за првото прашање, тогаш било која идна власт добива народен легитимитет да избрише се што е македонско и да ја внесе Македонија во ЕУ како територија без Македонци. Доколку пак, се одлучат за второто прашање тогаш и се одзема правото на било која идна власт да преговара за било што околу националниот карактер на Македонците кој е завршена работа за век и веков и веднаш ќе се информира Брисел дека Македонија бара членство во ЕУ само врз основа на критериумите од Копенхаген (јуни 1993 година) групирани во шест кластери и 35 поглавја, кои важеа за сите новопримени членки во ЕУ по растурањето на комунистичките/социјалистичките системи. И толку“, се наведува во соопштението.