„Family Day – Football Edition“ во Кисела Вода, спорт и музика во паркот „Шопен“

Макфакс

29/05/2026

16:10

110

Големина на фонт

а а а

Општина Кисела Вода и здружението ПОСВЕТЕН ВИКЕНД организираат „Family Day – Football Edition“ со 12 часа спорт, музика и забава во паркот „Шопен“, вклучувајќи DJ сетови, детски активности и пренос на финалето од Лигата на шампионите.

Утре, сабота, 30 мај, Општина Кисела Вода и Здружението за унапредување на културно-забавниот живот, екологија и чиста околина „ПОСВЕТЕН ВИКЕНД“ го организираат првиот „Family DayFootball Edition“. Подгответе се за 12 часа забава, спорт и музика во паркот „Шопен“.

Програмата започнува точно напладне, во 12:00 часот, со музичка програма и DJ сетови. Додека трае дневното дружење, најмладите ќе можат да се забавуваат во специјално подготвената детска зона со низа активности, а низ паркот ќе бидат поставени промотивни штандови за пијалоци и освежување.

Од 18:00 часот, на голем ТВ екран ќе се следи финалето од Лигата на шампионите.