Малолетник со мопед удри во пешак во Гевгелија, две лице тешко повредени

Макфакс

29/05/2026

13:30

178

Големина на фонт

а а а

Во Гевгелија се случи сообраќајна несреќа во која учествувал малолетник со мопед што удрил во пешак, при што две лица се тешко повредени и пренесени во Медицински центар.

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила во Гевгелија.

Според информациите на МВР, вчера во 22:45 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на булевар „Гевгелија” мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управувам од 16 годишен малолетник од Гевгелија удрил во пешакот В.С.(57) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешакот и 17 годишен сопатник на моторот од село Моин, гевгелиско. Повредите се констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.