Посебен режим на сообраќај во Скопје

Макфакс

29/05/2026

09:46

886

Големина на фонт

а а а

Поради верскиот празник Задушница, во Скопје се воведува посебен режим на сообраќај за да се обезбеди безбедно и непречено движење на возилата кон повеќе градски гробишта.

Поради верскиот празник Задушница, денеска во Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа лево по улицата „Александар Урдаревски“, лево по улицата „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта „Бутел“.

За излез, пак, од гробишта сообраќајот ќе се одвива десно по улицата „Боца Иванова“ до кружниот тек на улицата „Бутелска“, па лево по истата улица и десно по улицата „Кемал Сејфула“.

Посебниот режим на сообраќај ќе се воведе и на гробишта Камник, и гробиштата во Драчево и Ѓорче Петров.

Доколку се процени дека има потреба – посебниот режим на сообраќај ќе се реализира и во сабота и во недела (30 и 31.05.).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.