Прва реакција на НАТО откако руски дрон удри во зграда во Романија

Макфакс

29/05/2026

09:45

1.568

Големина на фонт

а а а

НАТО ја осуди руската неодговорност поради удр на руски дрон во станбена зграда во Романија, при што генералниот секретар на алијансата е во контакт со романските власти и ветува зајакнување на одбраната против заканите од беспилотни летала.

НАТО се огласи откако руски дрон удри во станбена зграда во центарот на романскиот град Галати.

Портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во контакт со романските власти и дека НАТО ја осудува „руската неодговорност“.

Во порака објавена на социјалната мрежа X, портпаролката подетално го објасни ставот на Алијансата.

„Утрово, дрон удри во станбена зграда во Романија, во контекст на руските напади врз украинската инфраструктура во близина на границата. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во контакт со романските власти. Ја осудуваме руската неодговорност. НАТО ќе продолжи да ја зајакнува својата одбрана од сите закани, вклучително и оние од беспилотни летала“, се вели во соопштението.

 

фото/Depositphotos