Тренер од Премиер лигата ќе го замени Мурињо во Бенфика

Дерби

28/05/2026

13:16

453

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо е на добар пат да стане тренер на Реал Мадрид или поточно да се случи тоа потребно е Флорентино Перез да ги добие претседателските избори во шпанскиот великан.

Перез е голем фаворит и ќе биде изненадување ако загуби од Енрике Рикелме, а дека Жозе е на пат кон Мадрид говори и потегот на Бенфика која се подготвува за живот без „специјалниот“.

Клубот од Лисабон веќе има и договорен наследник на Мурињо, тоа е 48-годишниот Марко Силва. Силва има богата понуда од Фулам да продолжи да го води премиерлигашот и во иднина, но „Токспорт“ пренесува дека Португалецот веќе постигнал договор со Бенфика да ги води почнувајќи од кампањата 2026/2027.

Марко веќе има работено во еден португалски великан и тоа Спортинг во натпреварувачката 2014/2015.