Куман за тактиката на Англија на СП: Тие ќе се „коцкаат“ на…

Дерби

28/05/2026

13:14

482

Големина на фонт

а а а

Томас Тухел ги избра играчите со кои англиската репрезентација ќе настапи на престојното Светско првенство, список на кој не се најдоа доста квалитетни и познати имиња, листа за која имаше доста критики од јавноста на островот.

Германецот го оправда изборот со тоа што јасно порача дека не му се потребни најдобрите играчи, ѕвезди, туку играчи кои можат да испорачаат резултати и дека верува овој состав може тоа да го направи.

За кратко време ќе видиме дали Тухел бил во право или ќе се „изгори“, а во меѓуврем предводникот на Холанѓаните, Роналд Куман смета дека знае која ќе биде тактиката на „гордиот албион“ на мундијалот во САД, Канада и Мексико.

- Може да се види како ќе играат според изборите што ги направија за англискиот состав. Ќе се „коцкаат“ на корнери и аути. Тоа одзема најмалку енергија во топлите услови. Така Арсенал стана шампион. Без корнерите, немаше да успеат, - порача Куман.