Неверојатно: Гласнер направи чудо со клубот кој немаше освоено пехар 120 години

Дерби

28/05/2026

12:28

276

Големина на фонт

а а а

Кристал Палас е освојувач на пехарот во третото по ранг натпреварување на УЕФА, Конференциската лига и тоа откако во завршниот меч во Лајпциг беше подобра од шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано со 1-0.

Клубот од Лондон даде гол во вистински време во второто полувреме, можеше да постигне уште некој во својот налет, а потоа рутински се одбрани и донесе голема радост за своите навивачи.

Со ова на идеален начин се завршува приказната на Оливер Гласнер на „Селхрст Парк“, стратег кој за една година успеа да му донесе три трефеи на клубот.

Имено Кристал Палас е формиран во далечната 1905 година поточно пред повеќе од 100 години, период во кој клубот не освои ниту трофеј, ама тоа го промени Гласнер.

Имено Австриецот за 12 месеци му донесе три титули на Кристал Палас, се започна од минатогодишното финале на ФА Купот каде беше совладан Манчестер Сити, потоа беше добиен Ливерпул во Комјунити Шилд за да сега дојде и европски успех.