Марота се огласи за иднината на Бастони и посочи која е главната цел на Интер во наредната сезона

Дерби

28/05/2026

12:19

284

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на калчолигашот Интер, Џузепе Бепе Марота испрати порака околу иднината на дефанзивецот Алесандро Бастони.

Марота во изминативе месеци се поврзуваше со преселба во редовите на Барселона, сега се споемнува како потенцијална трансфер мета на Реал Мадрид, но претседателот на италијанскиот клуб е убеден дека стоперот ќе остане во Милано.

- Овој тим има солидно јадро, вистински костур благодарение на играчите кои се тука веќе неколку години. Зборувам за Лаутаро Мартинез, Николо Барела и Алесандро Бастони, на пример. Сега е важно тие да го пренесат тој победнички менталитет и на новодојденците.

- Бастони мислам ќе остане. Ние генерално не сме клуб кој продава, па ако некој играч си замине, тоа е затоа што изразил желба да продолжи понатаму. Морам да кажам дека Бастони апсолутно не изразил желба да си замине. Тој е среќен тука, немаме потреба да го продаваме, па мислам дека ќе остане со нас, - вели Марота за кого следната цел е Интер да ја освои ЛШ.

- Скудетото како претседател на Интер беше сон, но потоа треба да сонуваш нови соништа. Сакаме да постигнеме нешто посебно во Европа следната сезона.

- Во спортот мора да бидете амбициозни, без да бидете арогантни, па затоа ќе ја подигнеме летвата малку повеќе. Лигата на шампионите е сон затоа што имам почит кон нашите противници, цел како менаџер кој треба да го постави тонот за тимот. Сакаме да се вратиме во финалето по трет пат и се надевам дека откако изгубив четири финалиња во мојата кариера, играчите ќе можат да ми го дадат овој подарок од Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе го кренам тој трофеј пред да се пензионирам, - заклучи Италијанецот.