Полицијата од Дебар уапси 40-годишна жена поради лажно пријавување кривично дело и тврдење дека била нападната од сопругот. Против неа ќе биде поднесена пријава за лажно пријавување на семејно насилство.
Полицијата од Дебар синоќа во 22:10 часот ја приведе 40-годишната С.Р. од дебарско село поради лажно пријавување кривично дело.
Таа претходно во полициската станица лажно пријавила дека била жртва на семејно насилство, тврдејќи дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека приведената се товари по член 366 од Кривичниот законик за лажно пријавување на кривично дело. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.







