[ВИДЕО] Жена изгоре во голем пожар во скопската населба Пинтија

A1ON.MK

28/05/2026

09:55

904

Големина на фонт

а а а

85-годишна жена настрада во пожар кој пламна во нејзината семејна куќа во скопската населба Пинтија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, пожарот е пријавен околу 1.48 часот во куќа сопственост на 45-годишната С.К., каде живеела и нејзината мајка М.В. (85).


Од здобиените повреди во пожарот, жената починана местото на настанот, а смртта ја констатира лекар од Итната медицинска помош.

На терен интервенираше противпожарната пригада која го изгаснала пожарот. Од МВР најавија дека полициски екипи во текот на денот ќе извршат увид за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.