Во Драчево се случила бизарна несреќа каде дванаесетгодишно дете било влечено по улица поради тоа што сопатник на мотор го фатил за рака додека возеле. Полицијата е известена и презема мерки за расчистување на случаиот.
Дванаесетгодишно дете е повредено во бизарна несреќа во Драчево. Сопатник на мотоцикл го фатило детето за рака, тоа паднало и било влечено по улица.
Според информациите на МВР, вчера околу 14:00 часот, Б.С.(71) од Скопје пријавил во полиција дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал.
Потоа А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што детето паднало и било влечено по улицата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.







