Неочекувана вест од Шпанија: Обрадовиќ кандидат за нов тренер на Барселона

Дерби

26/05/2026

13:40

293

Големина на фонт

а а а

Кошаркарскиот тим на Барселона се очекува да претрпи доста промени по крајот на оваа сезона и тоа не само кога играчкиот кадар.

Се најавува заминување на тренерот Чави Пасквал како и на легендата на клубот Хуан Наваро што значи дека ќе биде бурно во „Палау Блауграна“.

Досега како потенцијални кандидати за нов тренер на каталонците се споменуваа Ибон Наваро и Василис Спанулис, меѓутоа според новинарот Чави Балестерос од „L’Esportiu“ опција е и Желимир Обрадовиќ, најтрофејниот стратег во историјата на Евролигата.

Жељко последниот ангажман го имаше во Партизан од каде си замина минатата година. Србинот се поврзува со повеќе тимови и новата вест околу Барселона дефинитивно е изненадувачка ако се земе предвид дека во минатото три години го водеше Реал Мадрид.

Останува да се види дали реално е возможно вакво сценарио кое ако би се случило би било „земјотрес“ во европската кошарка.