Премиерот Христијан Мицкоски го пречека својот хрватски колега Андреј Пленковиќ, истакнувајќи ја важноста на добрите односи, пријателството и европската соработка помеѓу Македонија и Хрватска.
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во земјата го пречека неговиот колега од Хрватска, Андреј Пленковиќ. Според Мицкоски, посетата на хрватскиот премиер е потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска.

„Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.







